Blogging for EUrope

Aктивист…Активизам…Движење…Будење…Акција…Сите тие зборови некако се поврзани…Испраќаат силна порака, посебно ако се додаде зборот граѓански пред активист…Тоа навистина многу добро и моќно звучи…Во државите, кои имаат високо развиена граѓанска свест, во кои апсолутно не спаѓаме ние, постојат активисти кои се активни во различни полиња, па од таму ги добиваат и називите: активисти за човекови права, активисти за правата на животните, активисти за зачувување на животната средина и спречување на глобалното затоплување, активисти за права на ЛГТБ заедницата и други различни називи…Значи сродно, скоро сите активисти во тие општества се јавуваат како производ на одредена општествена потреба или општествено барање, сите тие се активни во полињата каде што припаѓаат и прават активности, поставуваат барања, прават притисоци врз општествените и политичките фактори за работи кои произлегуваат токму од средините каде што тие се активни…

Во Македонија, во последно време, се почесто се користи и протежира терминот граѓански активист…Само толку, без никаква додавка, придавка, заменка, глагол, именка и слично…Едноставно и голо, граѓански активист и точка! Кај нас не постојат категории активисти за човекови права, активисти за правата на животните, активисти за зачувување на животната средина и спречување на глобалното затоплување, активисти за права на ЛГТБ заедницата, младински активисти и други различни називи… Протежирањето на користењето на голиот термин граѓански активист доаѓа од страна на веќе добро познатата фондација, која како што споменав во претходните објави, го има “стекнато” правото да одлучува и да дефинира што е, а што не е граѓанско движење во Македонија и кој е, а кој не е “автохтонен” граѓански активист во нашата ни држава…

Преку потрошените преку 100 милиони евра изминатите 20 години, нормално странски средства за “отворање” на општеството, оваа фондација произведе толку “голем” број на активни граѓани во граѓанскиот сектор, што доколку треба да се поделат по различни сектори (како што наведов: човекови права, ЛГБТ права, право на образование и неформално образование, животна средина, права на животните и слично), ќе излезе дека на секој од тие сектори му припаѓа по неверојатна бројка од “10-15” активисти… Поради реалната фактичка ситуација и “наменски” потрошените средства, оваа фондација се одлучи да ги самоукине сите додавки што следуваат по терминот граѓански активист, и да се протежира само тој гол и едноставен термин…

Зошто? Па зарем не гледате што се случува? Активисти за ЛГБТ права излегуваат на улица да протестираат против законите за високото и средното образование…Активисти за животна средина излегуваат на улица и протестираат против насилство и кршење на човекови права… Активисти за човекови права и хив заштита излегуваат и протестираат на улица заради отстранување на зеленило и дрва…И многу други “автохтони” барања, кои произлегуваат од “областите” во кои што тие делуваат… А, сите тие заедно, под закрилата на терминот “гол граѓански активист”, заедно со разно разни пленуми и пленумаши, бараат оставки на политичари и политички промени во нашето општество…Пазете, не бараат промени во граѓанската сфера и подеталните области во која тие треба да дејствуваат и да ги бранат правата на граѓаните кои ги застапуваат, тие се издигнаа на едно повисоко ниво и се обидуваат во форма на политичко движење да поставуваат политички барања…Каков апсурд!

Нивното обединување во голи граѓански активисти успеа само да направи една единствена работа: да ги соголи, до гола кожа! Сега веќе на сите ни е јасно (иако веќе долго време постојат сомневања и муабети) за какви и чии цели тие “граѓански активисти” одработуваа во изминатите години…Јасно ни е каде се потрошени средствата за “отворање” на македонското општество, а сликата ќе ни биде уште појасна кога голем дел од овие најавувачи и “граѓански” извршители на македонската “пролет”, на следните локални и парламентарни избори ќе се појават како кандидати за пратеници, советници, градоначалници и слични функции, на листата потпишана од страна на политичката партија која е во моментов опозиција во нашата држава…

Постои и уште една тенденција на користење на терминот граѓани и “граѓанки”…Демек, афирмација и уважување на понежниот пол…Исто како што нивните “неутрални” професори и високо образовани експерти во последните 20 години не бомбардираат со употреба на зборови како што се меџународна, интернационална и слична терминологија, за кои што постојат соодветни термини во македонскиот јазик…Разберете, терминот граѓани е унифициран и обединувачки, тој нема полова припадност…Човече, со додавање на терминот граѓанки некој како да сака да ни наметне дека модерно и ИН е да си ГЛУП!!!

Ако смеам да се изразам со зборовите на лидерот на Гром, Стевче Јакимовски, кога тој толку ладно и би рекол нон-шалантно на новинарско прашање “што ќе се случи после митингот на опозицијата на 17-ти”, одговара со “ќе дојде 18-ти”…Јас на ова би додал дека само после 18-ти, ќе следи 19-ти мај, па 20-ти итн…Ќе следат уше многу денови до бескрај, додека не заврши ова тормозење на македонскиот народ од страна на политичарите (ако воопшто некогаш престане)… За голема жал, тие денови ќе течат, а ние граѓаните ќе бидеме се послепи и послепи за нивните вистински намери и цели, кои сакаат да ги постигнат…

Иако ни се случија два митинзи, предводени од двете најголеми партии, лудилото и понатаму како да не сака да престане…Порталите и медиумите кои се под индиректна или директна контрола на власта и опозицијата продолжуваат да шират лаги, овојпат за вистинскиот број на присутни на двата собира на граѓани…Она што мене уште повеќе ме загрижува е фактот што носители на омаловажувањата помеѓу двете групи на граѓани се всушност самите граѓани, кои биле дел од собирите…Во таа насока, на социјалните медиуми изминатите два дена се изнаслушав голем број на погрдни квалификации, како на пример дека на митингот на опозицијата во неделата присуствувале само педери, лезбејки, наркомани, алхохоличари, соросови платеници од граѓанскиот сектор и други, а додека пак на митингот на владеачката партија учествувале присилени граѓани, животни во кафез, неквалитетни луѓе, не-бањати и други слични квалификации…Од една страна би ги разбрал порталите и медиумите за нивните ставови, тие луѓе едноставно земаат пари за такви објави, но изразот на толкав размер на говор на омраза од страна на обичните граѓани неможам да го разберам, а уште помалку да го прифатам како нормална појава…

Без навлегување во калкулации и броење на присутните на двата собира, факт е дека на вчерашниот собир на владеачката партија имаше околу 1,5-2 пати повеќе граѓани, отколку на собирот во неделата…Овој однос кореспондира и со поддршката и бројот на добиени гласови на партиите на последните парламентарни избори…Му се допаѓало тоа на некој или не, пред фактите и боговите молчат…Нашиот проблем е што ние “достигнавме” едно ниво на политичка и медиумска “култура”, каде што почнавме сами да измислуваме факти и да веруваме само на фактите кои се презентирани од страна на “нашите”, без воопшто да бидеме засегнати од она што “другата” страна има да каже и да го презентира како факт…Тука морам да го споменам оној повеќе од смешен т.н. Сервис за проверка на фактите, кај кој ептен многу се забележува “неутралноста” во пристапот на селекција на анализа на текстовите кои се “сервисираат”… Израз на дното на кое се наоѓаме е и се поприсутното лажење и објавување на суви лаги на медиумите и по интернет порталите, кои се многу поразлични од обични обиди за манипулација, каде што секогаш постои мал процент на можност манипулативната вест да е точна или да е базирана на информации кои се погрешно разбрани…Поголемиот проблем е што се објавуваат СУВИ ЛАГИ, за кои понатаму никој не превзема одговорност и се помалку граѓани имаат свест да ги осудат, опиени од наративот на власта и опозицијата и нивната ултимативна желба за политичка моќ и економска доминација, во која ние сме само куклени играчки или имаме улога на неми статисти…

И понатаму ме зачудуваат коментарите од типот “ме принудуваат или го принудуваат да оди на митинзи за да не го изгубам/изгуби работното место”… Види мајката… А, притоа не се кажува еден битен факт дека тоа работно место е добиено со партиска книшка…Значи, тоа лице, ниту било најквалификувано, ниту најпаметно, ниту најобразовано за тоа работно место, туку едноставно е избрано според неговата партиска припадност…Ние, Македонците, имаме една тенденција секогаш да сакаме да ги гледаме само убавите страни на работите, притоа свесно одбегнувајќи да размислиме и да ги прифатиме однапред последиците од сите наши одлуки и постапки…Најискрено, според мене, барањето или принудувањето, како сакате кажете го, да се биде присутен на митинзи и да се обезбедуваат гласачи за време на избори, претставува само еден обичен пример на облигационен однос помеѓу стопанот и поданикот, ситуација во која поданикот сосема свесно сам се има поставено…Зошто сам се има поставено? Па, со самиот направен ИЗБОР да земе ПАРТИСКА КНИШКА за да се вработи во државна институција…Некој ќе рече морал да земе, за да се вработи…Не, не морал…Направил ИЗБОР и од тој ИЗБОР настанал тој облигационен однос помеѓу него и неговиот стопан, однос што според мене е својствен само за општества со феудални уредувања… Тој граѓанин направил ИЗБОР помеѓу лагодна работа во државна институција и плата од 400 евра, која со себе носи константни притисоци, принудувања и слично, и физички напорна работа во кој било сектор и плата од 150-200 евра, која можеби со себе носи недостаток на материјални средства во семејството, но од друга страна нуди спокој и мирен сон и живот без секојдневни партиски притисоци и уценувања…

Трагедијата е во тоа што овој феудален облигациски однос помеѓу поданикот и стопанот воопшто нема тенденција да биде сменет…Власта го практикува на државно и општинско ниво, додека пак опозицијата го користи истиот метод само на општинско ниво, си силни најави од нивнито сегашно раководство за негова примена и на национално ниво, доколку се дограбат до власта (гледајте ги видеата на лицето З.З. на интернет за кадровска комисија и ќе ви биде појасно)… Но, и во приватниот или како што милуваме да го нарекуваме “бизнис” сектор, овој феудален однос помеѓу сопственикот на фирмата и вработените можеби е и најприсутен… Работниците, кои се оставени без поддршка од лакомите и ненаситните “синдикални” лидери, секојдневно се уценувани со висината на нивните плати, уценети се да го враќаат регресот за годишен одмор и слични притисоци…

Со други зборови кажано, сума сумарум, добредојдовте во Феудална Македонија!!! Се согласувам дека е дојдено време за промени, но вистински и темелни општествени промени, а не обична политичка промена на партијата од т.н. Македонски политички блок која заедно со ДУИ ќе владее во Македонија…Потребен е нов концепт, нова визија, нови надежи, од нови и свежи политички индивидуи и субјекти… Секоја останата понуда е “свежа” и нуди позитивни промени, онолку колку што е свежа рибата која уловена во “Евро-Атлантскиот” океан се носи во Македонија…Да не кажам, неколку пати “свежо” замрзната, па одмрзната, па повторно замрзната…А, таквата риба обично смрди…И од главата, но и од опашката…

Што се нема човек да се изначита на порталите во Македонија…И тоа, не се текстови кои некој ги постира на блог, па да кажеш по грешка се ставени на интернет портал, туку се намерно постирани, да не кажам и нарачани за постигнување на одредена цел…Но, ако целта беше привлекување на партиски неопределените граѓани да се приклучат на вчерашниот митинг на опозицијата, тогаш објавениот текст тотално ја има промашено целта!!!

Инаку, во текстот, еден “независен” граѓански активист, толку независен што прима плата од 700-1000 евра од една фондација во Македонија, која го има монополизирано и приватизирано правото да одредува што е граѓански сектор во нашата држава, кој може да биде граѓански активист и какви “независни” ставови смеат или не смеат да граѓанските активисти, напиша дека во последните денови се изнаслушал ставови од според него т.н. неутрални граѓани, кои немале намера да излезат на протест и да застанат зад ова раководство на опозицијата, граѓани кои сметале дека сето ова што се случува во Македонија во изминатите месеци е чиста борба за партиско-профитерски цели и ништо друго освен тоа. Тој, во својот текст, се обиде да ги убеди  сите неутрални, дека всушност ова што се пропагира од страна на опозицијата било борба за враќање на демократијата, слободата и други вредности, кои според него нам ни биле одземени од страна на актуелната власт. Тој се дрзна дури и неутралните да ги нарече поддржувачи на актуелната власт и да каже дека всушност со релативизирање на состојбите, односно со тоа што не можеле да ги погледнат работите со очите на “независните активисти”, ним им одговарало оваа структура да остане на власт, дека се партиски и “режимски” полтрони итн…Со други зборови кажано, ако не идеш на митинг на опозицијата и ако не гласаш за опозицијата на избори (колку и да е мизерна нивната понуда), ти, според нив, по автоматизам стануваш “ВМРО-вче”..

Види мајката…Значи, доколку не сте биле на вчерашниот митинг на опозицијата и самонаречените “отпораши” и доколку не одите и на вечерашниот митинг на владеачката партија, вие по секако ја добивате етикетата “ВМРО-овче”… Според оваа логика на работите, ако веќе однапред добиваат партиска етикета, зошто сите тие што вие ги нарекувате неутрални, не би се појавиле на вечерашниот митинг??? Со вакви текстови и стратегии, тешко дека ќе привлечете повеќе од 20,000 граѓани, од кои најголем дел од нив сум убеден дека беа присутни на тој митинг заради некаква материјална корист (вработени во општини под власт на опозицијата, ветувања за идни вработувања, граѓански активисти на платниот список на добро познатата “независна” фондација и други.). Секоја чест и на тие граѓани што слободоумно присуствуваат на ваков вид на политички манифестации (организирани од било која политичка партија), но тие се само грам на совест измешани со огромна глутница на материјалисти.

Водејќи се по логиката на овој активист, околу 700,000 граѓани во Македонија, кои редовно не излегуваат на избори, а со тоа според него даваат легитимитет на политиките на актуелната власт, сите до еден од нив се “ВМРО-вчиња”…Ако на тие 700,000 се додадат околу 470,000 граѓани кои ја поддржаа партијата која е на власт на изборите во 2014 година, испаѓа дека во нашата држава има преку 1 милион “ВМРО-вчиња”… Тек сега ја разбирам сагата на најголемата опозициска партија…Не се они виновни што редовно губат на избори, затоа што немаат политичка програма, визија, стабилност, стратегија за работа на терен и друго, туку губат затоа што си имаат работа со над 1 милион “ВМРО-вчиња”, кои што никако неможат да ги убедат да гласаат за нивната опција… Морам да признаам, навистина на тешка мака се…

Како надоврзување на оваа умотворба на активистот, би додал само еден статус на тврдокорен партиски член на опозицијата, кој вчера после митингот го објави следново, цитат: “Денеска не имаше околу 30,000. Знам дека на утрешниот митинг ќе ве има 100,000, но да знаете дека сите што беа денес се попаметни, по-образовани, по-прошетани, подобри и едноставно кажано поубави од тие што ќе бидат утре”…

Се додека на својот народ гледате и му се обраќате од една дистанца, исполнета со голема доза на арогантност, понижување, лажно чувство на супериорност и лажно самоуверение на припадност на т.н каста предодредена да владее со “непрошетаните”, “простите и необразованите”, “небањатите” и “грдите”, бројката на неопределени или како што вие ги нарекувате “ВМРО-вчиња” ќе се зголемува, и покрај нивното несогласување со многу од политиките на актуелната власт и со основаните сомнежи за сторен криминал и коруптивно работење…За Жал…

Долго најавуваниот митинг на опозицијата заврши вчера…Колкав број на граѓани учествуваа на него, е факт со кој повторно се манипулира, со цел избегнување на одредена одговорност или пак намалување на стравот помеѓу поддржувачите на владеачката гарнитура…Опозицијата малку претера со својот фотошоп на зборови и објави видео со кое се тврди дека вчера пред Владата присуствувале неверојатни 100,000 граѓани!!! Велам неверојатни, затоа што најголем дел од белосветските релевантни медиуми (од т.н меџународна заедница која секогаш милуваме да ја повикуваме кога нешто не ни е по воља), како што се ФрансПрес, ЦНН и други, објавија дека на протестите учествувале околу 20,000 граѓани…Значи, не 100,000, туку 20,000…Пет пати помалку од тврдењата на опозицијата…Но, тоа е нивен проблем, јас не разбирам како ќе успееш во еден глобален свет, во кој секоја информација е достапна за неколку секунди, да ги убедиш прво своите симпатизери, па после и останатите граѓани, да ви веруваат вам и на вашите неверојатни бројки и да не веруваат на било кој медиум кој објавува бројки кои се малку различни…Ајде де, па барем да беа малку различни, да беше разликата 5-6,000 од објавеното, ама вака со разлика од -80,000, тешко е дека освен себеси, ќе убедиш некој друг да верува во твојата реалност… После завршувањето на митингот, од најавените над 4,000 волонтери кои според опозицијата сами се пријавиле да останат да кампуваат пред Владата, се додека актуелниот премиер не поднесе сам оставка, останаа некаде околу стотина…Значи повторно, бројка за некаде околу 40 пати помала од онаа најавуваната…Следејќи ја ваквата весела математика на опозицијата, почнувам да ја разбирам тегобите низ кои што тие поминуваат и “цврстите факти”, на кои што е базирана нивната идеологија и партиска стратегија…Од бројките што кружат од вчера па наваму, мене ми е “ептен јасно” дека парламентарните избори во 2014 година, кои опозицијата ги изгуби со околу 190,000 гласови разлика, се базираат на 2,000 гласови на избирачите од Пустец, кои беа донесени и на кои им беа издадени лични карти, за да ја “фалсификуваат” вољата на народот… Сето тоа е точно и легитимно, опозицијата промаши да го докаже “фалсификатот” за само 85 пати помалку гласови од реалната разлика на изборите..Во нашава ситуација и имајќи во предвид со какви капацитети располага нашата опозиција, сметам дека треба законски да се регулира правото да можат до “+-100” пати да ги преувеличуваат или да ги минизираат сите работи во ова општество, за да може да се развие рамноправна политичка борба помеѓу нив и партијата која е на власт…

Наспроти оваа весела математика, што е само нус производ на стратегијата на опозицијата, главната поента на вчерашниот митинг требаше да биде факторизацијата на лидерите на опозицијата, како луѓе зад чија стратегија, верување и идеологија стои народот…Дали вие сметате дека оваа поента беше докажана??? Според мене, сосема напротив…Јас на вчерашниот митинг ниту еднаш не успеав да слушнам (поправете ме ако грешам) скандирање од страна на граѓаните, во форма на “Заев”, “Зоки”, “Рада” и слично, туку слушавме “Оставка Никола”, “Никола Оди Си” и слични пароли, во кои главно се спомнуваше името на лидерот на партијата на власт и актуелен премиер. Помеѓу присутните на протестот, се наоѓаше и еден Британски европарламентарец, поранешен известувач за Македонија од ЕП (сегашен “олеснувач” во разговорите помеѓу опозицијата и власта). Тој во изјава за телевизиите кажа дека неговата улога тука не била да суди кој е во право, а кој не е, туку да следи, да гледа и да слуша што кажува и што посакува Македонскиот народ… Водејќи се според  т.н. Холивудско правило дека не постои лош и негативен публицитет и земајќи ја во предвид содржината на скандирањето на митингот, според мене, доколку јас бев на местото на британскиот европарламентарец, јас ќе си заминев дома со цврсто уверување дека единствен реален политички фактор во Македонија, од кој што зависи скоро се, е актуелниот премиер и лидер на партијата која се наоѓа на власт… Со ова сигурно нема да се сложат многу слепи приврзаници на опозицијата, но фактот што наместо најавуваните 100,000 граѓани, се појавуваат околу 20,000 и фактот што со невлегувањето во собранието по автоматизам се негира вољата на 280,000 граѓани кои гласале за опозициската партија да ги застапува нивните интереси, лидерите на опозицијата наместо некој да се факторизираат, всушност со потезите во изминатата година успеаа да се дефакторизираат да останат на маргините на поддршка од граѓаните на нашето општество…

Не треба секогаш слепо да се следат препораките од претходниот и вечниот лидер и идеолог на опозицијата, познатиот Б.Ц., кој јасно даде до знаење дека за да поставуваш барања прво треба да се факторизираш, но тој обид за факторизација не смее да биде по секоја цена… За несреќа, секоја промашена факторизација на самиот себе како лидер во политиката, секогаш дополнително го факторизира твојот опонент и во нашиот случај го става во позиција да биде единствениот политички фактор во државата…За Жал…

Posted on: 2 April, 2009

Iata un concurs pe care l-am gasit interesant si care promoveaza ideea unei Europe unite in diversitate.

CONCURS FOTO “Unitate in diversitate”

Participa la un proiect international, exprima-ti viziunea si castiga 100 euro ! Diferente etnice, nationale, religioase, sexuale, sociale, economice, culturale, geografice. Diferente de gust, de stil, de viziune, de temperament. Ce-i de facut cu diferentele? Unii le detesta si le resping, altii le ignora, putini le accepta, iar si mai putini le unesc si le integreaza. Ne-am gandit ca atunci cand surprinzi diferentele si poti intui un liant care le aduce laolalta intr-un tot unitar, sa nu treci mai departe, ci sa te opresti pentru o clipa si sa surprinzi scena cu aparatul tau de fotografiat. Ne dorim să promovăm viziunile tinerilor în ceea ce priveşte diversitatea, într-un mod creativ, original. “Unitate in diversitate” nu este doar motto-ul UE, ci ar trebui sa fie un principiu inteles si aplicat de fiecare dintre noi in viata de zi cu zi! Prin acest concurs foto, Asociatia pentru Integrare Europeana Quiz, organizatie non-guvernamentala de tineret, te invita sa celebram impreuna diversitatea ! Concursul va fi jurizat de persoane cu experienta in fotografie si design, initiatori ai proiectului “Camera Obscura”, revista online de fotografie. Cea mai interesanta poza va fi premiata cu 100 euro; in plus, multor participanti li se vor expune fotografiile in cadrul unei expozitii foto in Izmir , Turcia (mai 2009). Acest concurs face parte din proiectul internaţional “Networking Europe”, co-finanţat de Uniunea Europeană şi implementat de patru organizaţii din România, Turcia, Spania şi Italia. Initiativa urmareste in principal promovarea Uniunii Europene in randul tinerilor turci, dar si crearea unor legaturi durabile si productive intre sectoarele non-guvernamentale din tarile membre si non-membre UE. Detalii despre concurs la pagina 115 din numarul curent al revistei Camera Obscura: http://www.cameraobscura.ro Detalii despre proiect pe http://www.networking-eu.com & http://www.aie-quiz.ro Pentru a participa, trimite pozele tale pana pe 15 aprilie 2009 la: office@cameraobscura.ro. Daca poti ajuta prin promovarea concursului pe blogul/website-ul tau (sau orice alta metoda prin care concursul ar castiga in vizibilitate), ne-am bucura mult !

Easter Eggs

Posted on: 25 March, 2009

oua-de-paste

Zilele acestea am descoperit un site foarte interesant despre istoria Uniunii Europene, unde conceptul de cetăţenie europeană este abordat pe larg. Click aici pentru site.

These days I found a very interesting site about the history of the European Union, where the concept of European citizenship is discussed at length. Click here for the site.
Follow

Get every new post delivered to your Inbox.